Search

Владо Јаневски со спот за новата песна „Без тебе не ме бива“

„Без тебе не ме бива“ е новата песна на познатиот шармер, поп-пејачот Владо Јаневски, за која тој деновиве на покривот на Градскиот трговски центар во Скопје снимаше и спот. Иако во неколку наврати во медиумите истакна дека не сака да се појавува во видеата за своите песни, сепак главната улога во овој спот ја има лично тој.

„Сцени од денешното снимање на спотот за ‘Без тебе не ме бива’, во реализација на Томато продукција“ – го најави спотот Јаневски на „Инстаграм“. Притоа, нашиот познат автор и изведувач на популарните балади откри дека спотот ќе биде промовиран кон средината на месецот, како издание на „Кроација рекордс“, кога јавноста ќе има можност да слуша и ужива во уште едно негово музичко остварување.

Овој спот за песната „Без тебе не ме бидува“, за која ги напиша текстот и музиката, е и прво негово видео по десетмесечната музичка пауза. Тој минатата година во јуни имаше промоција на својата песна „Час те волим, час те мрзим“. Овие песни ќе се најдат на најновиот албум на Владо Јаневски, а конкретнава песна, за која деновиве се снимаше спотот, е трета по ред која ќе биде дел од албумот.

Тој досега има издадено шест студиски албуми „Парче душа“ (1993), „Сѐ најдобро“ (1996), „Далеку е небото“ (1996), „Има нешто посилно од сè“ (2002), „Ваков или таков“ (2004) и „Повторно се заљубувам во тебе“ (2006) со бројни хитови.

Преземено од Вечер Прес

 

Треба да знаете
Последни објави