Search

Владина делегација на комеморација во Врапчиште

Владина делегација ќе присуствува на Комеморативна седница во Општина Врапчиште и ќе оддаде почит на загинатите граѓани во тешката сообраќајна несреќа.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, во 13:30 часот ќе присуствуваат на Комеморативна седница во Општина Врапчиште и ќе оддадат почит на загинатите граѓани во вчерашната тешка и трагична сообраќајна несреќа, што се случи во близина на село Ласкарци, на автопатот Скопје-Тетово.

Треба да знаете
Последни објави