Search

Владимир, Јосиф и Ангела победници на ликовниот натпревар „Моите соседи како мои пријатели“

Денеска во ТЦ „Капитол мол“ се одржа ликовен хепенинг на кој децата од детските градинки и учениците од основните училишта од Општина Аеродром цртаа на тема: „Моите соседи како мои пријатели“, во организација на Општина Аеродром, Европското движење, Европската делегација и ТЦ „Капитол мол“ по повод прославата на 9 Мај, Денот на Европа.

Шефот на Делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар, градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, претседателката на Советот; Ивана Цветковска и претседателката на Европското движење, Милева Ѓуровска, им ги доделија наградите на победниците во трите категории.

За најдобра ликовна творба во категоријата од предучилишна возраст е избран цртежот на Владимир Анастасовски од градинката „Срничка“, објект „Калинка“.

Во категоријата од одделенска настава за најдобар е избран цртежот на Јосиф Најдовски од III1 од ООУ „Гоце Делчев“.

Ангела Зимбакова од VIII3 од ООУ „Лазо Ангеловски“ е избрана за најдобра во категоријата од предметна настава.

Цртежите од ликовниот конкурс, како и наградените творби, ќе бидат изложени во трговскиот центар „Капитол мол“ до 9 мај.

Целта на оваа манифестација е не само да се развие детската уметничка креативност и инвентивност туку и младата популација од Општина Аеродром да се приближи кон европските вредности.

 

Треба да знаете
Последни објави