Search

Владимир Талески осуден на осум години затвор за „Транспортер“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска судијката Добрила Кацарска ја изрече првостепената пресуда за случајот „Транспортер“, кој го покрена СЈО против поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, и уште 20 лица.

Со пресудата, Талески е осуден на 8 години затвор. Предметот се однесува на злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола.

И останатите 20 обвинети со денешната пресуда се прогласени за виновни. Меѓу нив се раководител на сектор во Општина Битола во времето на мандатот на Талевски, поранешни директори на училишта и управители на фирми. Дел од нив добија затворски казни, дел условни. Меѓу лицата што добија затворски казни се повеќето од обвинетите управители на фирми за превоз чии казни се движат од 2-3 години затвор, како и раководителот од Општина Битола, кој доби затворска казна од 6 години и 6 месеци.

Меѓу оние со условна казна, пак, се ексдиректорите на училиштата во Битола и помал дел од обвинетите раководители на фирми. Покрај затворските казни, во пресудата што ја прочита Кацарска предвидена е и конфискација на имот од фирмите во износ на направената штета. Ако нема доволно имот на фирмите за конфискација, тогаш таа ќе се изврши на имотот на обвинетите управители.

Треба да знаете
Последни објави