Search

Владимир Путин излезе на гласање последниот ден, Русите одлучуваат за неговата судбина

Рускиот претседател Владимир Путин гласаше на избирачкото место во зградата на Руската академија на науките во североисточниот дел на Москва, каде што традиционално оди на гласање, јави новинската агенција ТАСС.

Путин ги повика граѓаните на Русија да излезат на гласање, потенцирајќи дека измените на уставот се во согласност со клучните вредности на рускиот народ и дека тие можат да бидат усвоени само со нивна поддршка.

Гласањето во Русија започна на 25 јуни, а денес е последниот ден на кој граѓаните можат да го искажат своето мислење за предложените уставни реформи, кој беше прогласен за официјален датум на гласање со указ на претседателот Путин.

Одлуката за одржување на гласање во текот на седум дена беше воведена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави