Search

Владимир Кличко спасен од запален брод

Поранешниот светски боксерски шампион Владимир Кличко беше спасен од запален брод, каде што беше со семејството и пријателите.

Тој денес на својот твитер-профил напиша: „Внимавајте што сакате“ велејќи дека посакал малку адреналин и, како што вели, судбината буквално го сфатила, па неговото патување со брод во неделата вечерта завршило со евакуација, во која учествувале пожарникари и крајбрежна стража.

„Не грижете се – сите сме добро“, додаде Кличко.

Треба да знаете
Последни објави