Search

Владејачката коалиција на Јанез Јанша изгуби двајца пратеници во Собранието

Владејачката коалиција на Јанез Јанша е ослабена, откако изгуби двајца пратеници во Собранието, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Се работи за пратениците од партијата на Словенелкиот модерен центар (СМЦ) Јани Модердорфер и Грегор Жидан кои решија да ја напуштат матичната партијата и да делуваат од друга пратеничка група.

Претседател на СМЦ Здравко Почувалшек кој ја извршува функцијата министер за економија во Владата на Јанша е актуелен по големата афера за набавката на респиратори и медицинска здравствена опрема за потребите на словенечкото здравство.

Губењето на пратениците ќе биде една од темите на која денес во Брдо крај Крањ ќе разговараат владините коалициони партнери. Според најавите во медиумите, покрај договарањето на дополнителните мерки за помош на економијата погодена од коронавирусот ќе се разговара и за иднината на самата коалиција по последните настани.

Треба да знаете
Последни објави