Search

Влада: Затворени правно формалните аспекти од Охридскиот рамковен договор

Владата ги затвори правно формалните аспекти од Охридскиот рамковен договор. Тоа е констатирано на денешната седница на Владата во дискусија  за  Охридскиот рамковен договор, потпишан пред 18 години на денешен ден.

– Владата на Република Северна Македонија отвори дискусија за Охридскиот рамковен договор кој беше потпишан пред 18 години на денешен ден и се констатира дека оваа Влада ги затвори правно формалните аспекти од Охридскиот рамковен договор и како трајна придобивка за граѓаните денеска продолжуваме да градиме едно општество за сите, соопшти по седницата владината прес-служба.

По повод 18-годишнината од потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор, вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураки вечер во Клубот на пратениците организира свечен прием.

Треба да знаете
Последни објави