Search

Владата ќе набавува софтвер за кодификација на правото

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за отпочнување на процес на Кодификација на правото во Република Северна Македонија и го задолжи Генералниот секретаријат на Владата да спроведе постапка за јавна набавка на софтвер и софтверско решение со кој што ќе се изврши кодификација на правото во Република Северна Македонија.

За оваа цел, Владата ги задолжи Министерство за правда, Канцеларијата на претседателот на Владата и генералниот секретаријат на Владата, а се препорачува на Собранието, државните универзитети, Универзитет “Св.Кирил и Методиј“, Универзитет “Св.Климент Охридски“, Универзитет “Гоце Делчев“ и Државен универзитет во Тетово, од областа на правото -во рамки на своите Правни факултети, во рок од 5 дена да номинираат по еден претставник до Министерсто за правда, со цел формирање на оперативна работна група.

Треба да знаете
Последни објави