Search

Владата ја објави физибилити студијата за хеликоптерската служба за итна медицинска помош

„Физибилити студијата за хеликоптерката служба за итна медицинска помош HEMS & Sar за Република Македонија” е објавена денеска од владината прес-служба, откако тоа вчера го побараат новинари, кои присуствуваа на брифингот со генералниот секретар на Владата, Драги Рашкоски.

– Во прилог е физибилити студијата за хеликоптерска служба за итна медицинска помош, која ја побаравте на брифингот со генералниот секретар во Владата на Република Северна Македонија, д-р Драги Рашковски, се наведува во соопштението на Канцеларијата на портпарол на Владата, во кое е прикачена физибилити студијата во ПДФ формат, а во која на 120 страници се образложува како најдобро да се изведе овој проект.

Рашкоски вчера на брифингот со новинари рече дека проектот за Системот за итна хеликоптерска медицинска помош (САР) и Хеликоптерски услуги за потрага и спасување (ХЕМС) ќе го чини буџетот на државата нула денари.

Како смешни ги оцени најавите од опозицијата дека тоа ќе ја чини државата 72 милиони евра. – Ако го видите буџетскиот циркулар за овој материјал ќе видите дека таму трошоците врз Буџетот се нула, рече Рашковски на денешниот брифинг со новинарите рече дека.

Како што посочи, овој систем треба да доведе спасувањето од непристапен терен да биде за многу пократок временски период од вообичаено, односно за петнаесетина минути.

– Следејќи ги искуствата на земјите што го примениле се решивме како Влада да преминеме кон воспоставување на јавно приватно партнерство. Зошто ЈПП? Затоа што сметавме дека државата нема ресурси и не треба да троши ресурси за нешто што може да го добие од приватен партнер. Другата поента е што ако веќе не трошиме пари да видиме што може да направиме за граѓаните. Повикот беше насочен во таа насока да сите граѓани на Република Северна Македонија ја добијат услугата бесплатно, рече Рашковски.

На јавниот повик, како што рече, осум компании пројавиле интерес, пет подигнале тендерска документација, а само една компанија се пријавила на тендерт за формирање на јавно приватно партнерство за ХЕМС и САР. Економскиот оператор, како што информира Рашковски, е шведската компанија „SHC Swedish helicopter consortium AB”. „Сархемс”, како што изјави Рашковски, има обврска да инвестира девет милиони евра годишно во својот бизнис во земјава со хеликоптерскиот медицински тим за спасување.

Претходно денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев излезе со прес во кој меѓудруготот говореше и за финансискиот модел.

– Од она што вчера имавме прилика да го слушнеме, приватниот партнер треба да вложи за периодот од 8 години 72 милиони евра, треба да набави два хеликоптери, треба да изгради 8 хелидроми, плус на тоа треба да плаќа секој месец по 10.000 евра месечно надоместок на услугата. Од друга страна му даваме на располагање да го користи центарот за обука на пилоти, а никаде не објаснето и не е кажано зошто го правиме тоа и која е потребата на приватниот партнер да го користи центарот за обука на пилоти, а истовремено приватниот партнер ќе има право да врши наплата од осигурувањето на странските туристи и да врши наплата во однос на како што успеавме вчера да го разбереме Рашковски, моторџии, скијачи, падобранци и слично, рече тој.

Јанушев забележа и што, како што рече „една ваква сериозна работа каде што треба да опфати набавка на хеликоптери и давање на услуги на итна медицинска помош и за потрага и спасување да биде изработена од апсолутно и тотално нестручни лица како што се машински инженери”.

Треба да знаете
Последни објави