Search

Владата пресече: Нема нова вонредна состојба, избори на 5 јули

Владата по вечерашнава седница нема да побара од претседателот Стево Пендаровски да прогласи уште еднаш вонредна состојба, која завршува ноќеска на полноќ, па избори ќе има на 5 јули, дознава 24 Инфо.

Според предвидениот рок, кампањата ќе започне на 16 јуни, а изборите ќе се одржат 22 дена по завршување на вонредната состојба.

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ мисијата на ОБСЕ-ОДХР да биде во текот на кампањата нема да биде возможно, а од МНР потврдиле дека набљудувачи од мисијата ќе има на денот на изборите.

Треба да знаете
Последни објави