Search

Владата препорача основање на туристичка развојна зона- Езеро Треска

Владата на денешната седница ја усвои и Програмата за развој на туризмот на Република Македонија за 2019, а беше разгледана и Информацијата за основање на туристичка развојна зона – Матка во Општина Сарај.

Владата даде препорака Град Скопје во рок од 30 дена да обезбеди постоечка документација за изградба на Спортско рекреативен центар Езеро Треска во Општина Сарај, а Министерството за економија во рок од 4 месеци до Влада на Република Македонија да достави Информација за текот на активностите за основање на туристичка развојна зона- Езеро Треска во Општина Сарај.

На оваа своја седница Владата даде согласност за Годишната програма со Финансискиот план за 2019 година на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

На предлог на Агенцијата за млади и спорт, Владата денеска го разгледа и донесе новиот текст на Програмата за развој на спорт и млади за 2019 година, како и Предлог – програмата за распределба на средства од игри на среќа и забавни игри за 2019 година за финансирање на националните спортски федерации и проекти на Агенцијата за млади и спорт за унапредување на спортот во Република Македонија.

Владата го разгледа и даде согласност за Годишната програма за реализација на Стратешкиот план на Агенцијата за катастар на недвижности за 2019 година, а на предлог на Министерството за транспорт и врски Владата ја усвои Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко – проектни документации за 2019 година, како и Годишната програма за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Македонија за 2019 година.

Министерство за животна средина и просторно планирање денеска ги предложи, а Владата на РМ ги усвои Годишната програмата за заштита на природата и Програмата за унапредување на животната средина за 2019 година.

На предлог на Министерство за локална самоуправа на денешната седница Владата ја донесе Програмата за рамномерен регионален развој во 2019 година.

Владата денеска ги донесе и Програмите за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2019 година, и за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави