Search

Владата предводена од СДСМ ефикасно се справува со економските и здравствени последици од коронавирусот, сите да ги почитуваме мерките за заштита

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник од СДСМ

Состојбата со коронавирусот е сериозна. Есенскиот бран, како во нашата, така и во земјите од Европа доведе до зголемување на бројот на заболени и хоспитализирани.
Сега е многу важно секој од нас доследно да ги почитува мерките за заштита за да го зачува сопственото, но и јавното здравје.
Истовремено, апелираме граѓаните да внимаваат на невистините што ги пласира ВМРО-ДПМНЕ затоа што се опасни по здравјето. Не е точно она што го тврди Вело Маркоски дека вирусот е безопасен, дека не треба да се носат маски и заштитна опрема. Напротив, треба да се носи маска, да се држи дистанца, да се почитуваат мерките, за нашето здравје се работи.

Освен по здравјето, есенскиот бран на коронавирусот негативно влијае и врз економијата. Затоа, Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев преку навремени и ефикасни антикризни мерки се борат против негативните економски последици.
Се реализира четвртиот пакет мерки во вкупна вредност од 470 милиони евра.

Со 70 милиони евра од овој пакет, ќе се субвенционираат платите на 83.000 вработени за месеците октомври, ноември и декември. Тоа значи дека со финансиска помош ќе бидат исплатени вкупно 250.000 плати, а поддршката ќе биде скалеста и ќе изнесува од 14.500 денари до максимални 21.776 денари по работно место. Наскоро започнува и распределбата на домашни платежни картички од по 6.000 денари за околу 283.000 граѓани. Со оваа мерка во вредност од 27,6 милиони евра ќе ја зајакнеме приватната потрошувачка.

За компаниите погодени од кризата, наменети се десетици мерки како грантови, бескаматни кредити, државна и царинска гаранција и даночни олеснувања. Во овој период на силен есенски бран на коронавирусот, важно е да го зачуваме јавното здравје, но важно е да ги зачуваме и работните места. Како одговорна партија продолжуваме да се бориме против негативните здравствени и економски последици од коронавирусот. Грижата за сите продолжува уште повеќе и уште подобро.

Треба да знаете
Последни објави