Search

Владата одобри 14,4 милиони денари за елаборат и проекти за новиот клинички центар

Министерството за здравство ќе издвои 14,4 милиони денари за изработка на урбанистички проекти, проекти за инфраструктурата и за елаборат за новиот клинички центар што треба да се гради во Ѓорче Петров.

„На денешната седница прифатена е информацијата за одобрување финансиски средства на Општина Ѓорче Петров од буџетот на Министерството за здравство во износ од 14.400.000 денари, кои ќе бидат наменети за изработка на урбанистичко-проектни документации, основни проекти за инфраструктура и елаборат за геолошки и геомеханички својства на почвата за потребите на урбанистичкиот план надвор од населеното место Веле Поле, општина Ѓорче Петров, каде што треба да се гради новиот клинички центар“, соопштија од Владата.

Треба да знаете
Последни објави