Search

Владата одобри кредит за набавка на филтри во „Југохром“

Денеска на владина седница одобрен е кредит во износ од 92.242.500 денари за набавка на филтри во комбинатот „Југохром“.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата ја задолжила Македонската банка за поддршка на развојот да склучи договор за кредит со „Југохром“ од кредитната линија од Посебниот кредитен фонд.

Од Владата велат дека целта е да се изгради филтерска постројка за заштита од загадување, со што ќе се овозможи фабриката да продолжи да работи и да се ангажираат вработените.

Треба да знаете
Последни објави