Search

Владата одлучи земјава да се вклучи во обновата на Нотр Дам

Владата на денешната седница го задолжи Министерството за надворешни работи да стапи во контакт со француското министерство, поради координација во врска со меѓународната помош за реставрација на опожарената катедрала Нотр Дам во Париз.

Како што информираат од владината прес-служба, ваквата координација треба да се воспостави со цел да се определи најсоодветната поддршка која државава може да ја додели за обновата на овој, како што се вели, грандиозен споменик од цивилизациско значење.

Треба да знаете
Последни објави