Search

Владата на СДСМ популистички ги троши позајмените пари на граѓаните

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска

„Владата на СДСМ популистички ги троши позајмените  пари на граѓаните кои треба да служат за долгорочна помош и закрепнување на економијата. Мерките од 4 пакет се задоцнети и не се сеопфатни.

40.000 граѓани останаа без работа од почетокот на пандемијата додека само 2.000 луѓе останале без работа во месец септември. Дека мерките не даваат ефект зборува и фактот дека Светска банка прогнозира пад на економијата од 5,4 % додека БДП за првиот квартал изнесуваше катастрофални – 12,7 %.

Четвртиот пакет мерки е последица на катастрофалната реализација на првите три пакет мерки што е доказ дека мерките не беа препознаени од бизнис заедницата и стопанството. Од вкупно планираните 550 милиони евра реализирани беа само 53 %.  4 пакет на мерки не ги вклучува студентите и учениците ниту малите компании што се движечка сила на  секоја економија.

Катастрофална реализација има и кај капиталните инвестиции. Реализацијата на капиталните инвестиции се едвај 40 % заклучно со месец август што го донесе градежништвото пред колапс. На кој начин се очекува СДСМ да ја заздрави економијата ако се што прави се социјални трансфери кои се трошат за неколку дена.

СДСМ ги остави и стопанствениците и граѓаните на цедило во време на економска криза. Неспособноста на СДСМ секојдневно е видлива со катастрофалните и популистичките мерки и огромното незадоволството  од бизнис секторот и граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави