Search

Владата на СДСМ нема стратегија за корона кризата, Филипче целосно  потфрли во борба со корона вирусот

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска

 

СДСМ и Венко Филипче целосно потфрлија во борбата со корона вирусот.

Владата на СДСМ нема стратегија за кризата во која западна цела држава.

Да ја имаше министерот за здравство и владата немаше да се борат како да му ја спасат кариерата на Зоран Заев, со брзи избори, туку разумно ќе ги преиспитаа одлуките коишто ги носат на штета на здравјето на граѓаните.

Неспособната влада на СДСМ свесно го загрозува здравјето на граѓаните со единствена причина  да ја зачува фотелјата на Зоран Заев.

Власта продолжува да ја уништува  иднината на граѓаните и го доведува во  опасност нивното здравје. СДСМ и Заев не се грижат за граѓаните, СДСМ  единствено се грижат за нивниот опстанок на политичката сцена.

Со СДСМ и Заев,  граѓаните добија  хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

Животот и обновата на Македонија ќе се вратaт кога оваа неспособна влада на СДСМ ќе замине.

ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите кога и да се одржат, но не на штета на здравјето на граѓаните.

 

Треба да знаете
Последни објави