Search

Владата на Нов Зеланд поддржа построги закони за оружје

Премиерот на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн изјави дека владиниот кабинет ги поддржал измените на законот за оружје, по терористичкиот напад во двете џамии, во кој животот го загубија 50 луѓе и многумина се повредени.

„Донесовме одлука како кабинет, обединети сме“ изјави Ардерн.

Крвавиот масакр во петокот предизвика повици за реформи во законот за оружје. По состанокот на владиниот кабинет, премиерот Ардерн рече дека очекува да даде детаљи за реформите до 25 март.

“Ова на крајот значи дека во рок од 10 дена од овој ужасен терористички напад ќе објавиме реформи кои, верувам, ќе ја направат нашата заедница побезбедна”, рече Ардерн.

Австралиецот, Брентон Тарант е обвинет за убиство. Полицијата соопшти дека убиецот користел оружје во воен стил, кое се претпоставува дека било изменето за да го направи нападот по смртоносен.

Девет лица се се уште во болница во критична состојба.

Треба да знаете
Последни објави