Search

Владата на Молдавија најави оставка за да се спречи политичката криза

Демократската партија на премиерот Павел Филип во Молдавија соопшти дека се повлекува од власта и ја распушта Владата, за да се спречи политичка криза во земјата.

„Оставка на Владата на Павел Филип е единствено можно и легитимно решение за да се спречи политичката криза“ изјавил заменик лидерот на партијата, Владимир Чеботар, пренесе Ројтерс.

По изборите во февруари настана пат позиција, а Владата на Павел Филип продолжи да работи во технички мандат. Молдавските партии неодамна се согласија да формираат Влада и да ја именуваат Маја Санд, поранешна министерка за образование и советничка во Светска банка, но нивниот сојуз предизвика судири со Демократската партија на Молдавија и со Уставниот суд, кој го смени претседателот Игор Додон и го постави поранешниот премиер Павел Филип за привремен претседател.

Потоа, Филип го распушти парламентот и потпиша декрет за одржување предвремени избори во септември. Додон, кого Уставниот суд го смени, ја поништи таквата одлука.

Треба да знаете
Последни објави