Search

Владата на Груевски противзаконски му исплаќала пари на режисерот Манчевски?!

Тогашната Владата предводена од Никола Груевски, изразила поддршка за филмскиот проект со дополнителни средства пред официјалната одлука за финансирање на филмскиот проект од страна на Филмскиот фонд.

Владата на Македонија на 88 седница одржана на 28.07.2009 година донесува заклучок со кој се задолжува Министерството за култура средствата во износ од 24.800.000 денари / 403.252 евра да ги предвиди во буџетскиот циркулар за 2010 година, а Одлуката за финансирање по Конкурс е донесена на 11.08.2009 година, а Договорот за финансирање е склучен на 31.07.2009 година со Филмскиот фонд, што значи пред донесување на Одлуката на УО на Филмскиот фонд.

„Мајки“ од Филмскиот фонд добива 55.800.000 денари/ 907.317 евра.
Исто така и средствата се исплатени пред донесување на Одлуката (не е запазена соодветно законската процедура, а произлегува од притисоците кои ги врши продуцентот како и досега во претходните проекти).

9.000.000 денари уплатени на 05.08.2009 година
9.000.000 денари на 08.08.2009 година и
5.000.000 денари на 11.08.2009 година на денот кога е донесена Одлуката
Согласно извештајот на Филмскиот фонд изготвен на 16.04.2013 година, во својот наративен извештај продуцентот истакнува дека за промоција на филмот не добил воопшто средства и самиот ги обезбедил што не кореспондира со фактичката состојба и документие.

Извор: Цивилмедиа.мк

Треба да знаете
Последни објави