Search

Владата: МВР да ги стопира тековните постапки за распоредувања и унапредувања

Владата на денешната седница донесе заклучок да го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги стопира тековните постапки за распоредувања и унапредувања во Министерството бидејќи се спротивни на одредбите од Законот за Влада.

Претходно денеска министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев ја објави одлуката на Управниот суд, со која се усвојува тужбата на тужителот Министерство за внатрешни работи застапувано од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, додека Одлуката на Влада со која се поништуваат решенија за распоредување на работно место се поништува.

Треба да знаете
Последни објави