Search

Владата е виновна за злоупотребата на средствата, може да вградат мерки за контрола во самите Уредби со цел парите да стигнат до работниците

НАМЕСТО ДЕКЛАРАТИВНО ДА ПОВИКУВААТ НА САНКЦИОНИРАЊЕ, ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ПРЕЗЕМАТ КОНКРЕТНИ ЧЕКОРИ ЗА ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА СРЕДСТВА ОД КОМПАНИИТЕ И ИСТИТЕ ДА СЕ ПЕРФРЛАТ НА СМЕТКА НА РАБОТНИЦИТЕ ЗА КОИ ТИЕ СРЕДСТВА СЕ НАМЕНЕТИ!

Изминатите денови сме сведоци како СДСМ и надлежните институции се обидуваат да се ослободат од одговорноста за злоупотреба на дел од средствата што беа обезбедени како помош од државата за исплата на плати во погодените компании од кризата со цел зачувување на повеќе работни места во овој период.

Иронијата да биде поголема тие повикуваат на санкционирање на компаниите кои направиле злоупотреба, а истовремено имаа можности уште во самите уредби кои 10-ци пати ги менуваа да спречат било каква можност за злоупотреба со цел заштита на работниците преку воспотавување на соодветни вградени механизми и систем на контрола при исплата на средствата кон компаниите.

Наместо декларативни изјави во јавноста, ја повикуваме Владата и надлежните институции веднаш да преземат конкретни чекори за присилна наплата на средствата од компаниите што ја злоупотребиле паричната помош и префрлање на тие средства на сметка на работниците кои биле отпуштени од работа или не добиле плата во овие месеци.

Треба да знаете
Последни објави