Search

Владата денеска ќе ја одржи 60-тата седница преку видео-конференциска врска

Владата на Република Северна Македонија денеска, со почеток во 14:00 часот, ќе ја одржи 60-тата седница преку видео-конференциска врска со повеќе точки на дневен ред од Програмата за работа и од интерес на граѓаните.
На денешната седница ќе се разгледаат и усвојат записниците од 64-от и 65-от состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржани на 1 и на 2 јуни 2020 година.

На оваа седница на предлог на Министерството за образование и наука на дневен ред е информацијата со предлог за бројот на студенти за запишување во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев” Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” Охрид и Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје, во учебната 2020/2021 година, како и предлог – одлуката за дополнителни квоти за запишување студенти припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија во прва година – прв циклус на студии на овие високообразовни установи.

На денешната седница Владата ќе го разгледа и конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршена ревизија на усогласеност на институционални капацитети на јавните обвинителства на Република Северна Македонија за реализација на надлежностите.

Владата денеска ќе го разгледа вториот шестмесечен извештај од надзорот над функционалноста на АКМИС во судовите за 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави