Search

Владата денеска ќе расправа за откупот на грозје

Владата на Република Северна Македонија денеска, (вторник, 22.9.2020 година) со почеток во 12:00 часот, во свечената сала, ќе ја одржи 5-тата седница, на која ќе бидат разгледани повеќе точки од интерес на граѓаните.

На седницата, на предлог на Министерството за економија ќе биде разгледан Предлог-законот за општа безбедност на производите.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на дневен ред за разгледување е и Информацијата за состојбата на откупот на грозје од реколтата 2020, како и Информацијата за исплата на пензии, за септември 2020 година, подготвена од Министерството за труд и социјална политика.

Треба да знаете
Последни објави