Search

Владата демантира дека ќе купува медицински хеликоптер за 72 милиони евра

Владата ја демантира информацијата изнесена на вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ за хеликоптерски услуги за граѓаните

„Изнесените наводи на прес-конференцијата, одржана на ден 12.08.2019 година, на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, од страна на генералниот секретар, Игор Јанушев, дека се подготвува коруптивна набавка на хеликоптер за медицински цели во вкупна вредност од 72 милиони евра, се шпекулации, незнаење и дезинформации.

Владата на Република Северна Македонија подготви проект за воспоставување на јавно приватно партнерство за SAR (search and rescue), потрага и спасување, односно хеликоптерска потрага и спасување HEMS (Helicopter Emergency Medical Service)  хеликоптерски итни медицински услуги по примерот на развиените западно-европски земји.

Со воспоставувањето на јавното приватно партнерство, Република Северна Македонија и граѓаните добиваат услуги и тоа:

–           Бесплатно користење на ХЕМС И САР услуги,

–           По истекот на договорот, целокупната опрема заедно со воздухопловите остануваат во сопственост и владение на Република Северна Македонија,

–          Се градат капацитети за слетување/полетување, хелиодроми, во повеќе градови во Република Северна Македонија,

–          За целото времетраење на договорот, приватниот партнер на годишно ниво, ќе плаќа надоместок на Република Северна Македонија,

–     На овој начин, со воспоставувањето на ова јавно приватно партнерство, Република Северна Македонија и граѓаните добиваат придобивки кои нема да ги чинат ништо.

Ова е пример за јавно приватно партнерство, кое во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше незамисливо и неостварливо.“

 

 

Треба да знаете
Последни објави