Search

Владата даде зелено светло за подготовка на националната стратегија за електронско здравство

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за подготовка на национална стратегија за електронско здравство. Владата го задолжи Министерството за здравство да подготви проект со проектна структура, кој ќе ја развие националната стратегија за електронско здравство со акциски план во соработка со Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија во рок од една година од денот на усвојување на информацијата.

„Електронското здравство е систем за обезбедување вистински здравствени информации на вистинската личност на вистинското место и време во безбедна, електронска форма за да се оптимизира квалитетот и ефикасноста на здравствената заштита, истражувањето, образованието и знаењето. Донесување на Национална стратегија за електронско здравство ќе значи воспоставување на главните насоки, како и планирање на детални чекори кои се клучни за постигнување на долгорочни цели како што се универзален пристап до грижа, ефикасност во здравствениот сектор, реформи или друга пофундаментална трансформација“, посочија од владината прес-служба.

Треба да знаете
Последни објави