Search

Владата го одблокира шахот

По седумгодишна блокада, македонскиот шах е одблокиран. Првиот човек на македонската шаховска федерација Благоја Богоевски, кој ги влече потезите од 2010 година, со својот нов тим на соработници во последните две години можат да се пофалат дека е избегната мат-позицијата. Сега можат да се посветат на проекти за развојот на древната игра во Макеоднија. Со помош на Владата успеаја да ја одблокираат жиро- сметката за нормално да работи федерацијата вели Богоевски за 24 инфо.

-На нашата сметка сега ќе може да има приливи на финансиски средства, не само од државата туку и од спонзори. Државната помош ќе стасува преку Агенцијата за млади и спорт (АМС) со ваучерите кои се воведени за помош и развој на спортот,  вели Богоевски, претседателот на Шаховската федерација на Македонија.

Шахот слободно дише веќе два месеци. Раководството го нема притисокот да изнаоѓа  алтернативни решенија како финансиски да преживеат. Целото свое внимание и знаење можат да го насочат на повлекување конкретни потези.

-Сакаме да обезбедиме иднина на шаховската игра. Ќе вложуваме и ќе правиме услови во јуниорскиот шах за да лансираме ново име. Постои интерес кај младите. На јуниорските првенства настапуваат 80-90 млади. Тоа е добра бројка – вели Богоевски  кој е задоволе од оѕивот на младите бидејќи во Македонија егзистираат по осум екипи кои се натпреваруваат во Првата и Втората лига.

Богоевски доаѓа од фелата на професорите, има стопанственичко искустов од раководењето на а фирма, а е и човек кој порано активно за занимавал со повлекување на потезите покрај црно-белата табла со 64 полиња. Знае однапред кој потег треба да се повлече за да се добие партијата.

-Се посветуваме на обврските да обезбедиме максимални услови за успешен настап на машката и женската репрезентација на Европското првенство кое во октомври ќе се игра во грузискиот град Батуми. Покрај овој голем шаховски настан, ќе треба и ние да се мобилизираме за организацијата на Купот на шампионите. Ќе бидеме домаќини во 2021 година во Охрид на најдобрите екипи и мора да се претставиме во најдобро светло. Временски настанот е далеку, но нема да оставиме ништо на случајноста уште одсега – додва Богоевски кој е и претседател на Комисијата за органзација на шаховските настани при ФИДЕ од 2018 година. Благодарение на неговиот ангажман во оваа комисија, Охрид со акламација ја доби организација на Купот на шампионите, каде најголемиот конкурент му беше Сочи.

Треба да знаете
Последни објави