Search

Владата ги повика на средба културните работници

Заврши протестот пред Министерството за култура, а културните работници бодиле од Владата покана за средба со нив.
Членовите на Синдикатот за култура го завршија предупредувачкиот марш, со кој бараат да се потпише колективен договор со кој ќе се уредат платите, коефициентите според сложеноста на работните места и условите за надоместоците на плата.

Претседателите на синдикалните организации на СКРМ од национални и локални установи од земјава – театри, музеи, библиотеки, од Националната опера и балет (НОБ) и Филхармонија…, одлепувајќи фластери од уста во знак дека го креваат гласот, извикуваа „Колективен сега!“ и пораките на транспарентите ги оставија пред влезот на Министерството.

Гоце Павловски, секретар на СКРМ, се обрати на импровизирана бина и рече дека државава е единствена во регионот која 15 години нема колективен договор во културата и единствена во која, како што рече, „има астрономски разлики во платите меѓу дејностите, се измислуваат работни места по нарачка, нема основни услови за работа, не се исплаќаат унапредувања, службени и теренски дневници и други надоместоци загарантирани со Законот за работни односи“.

Претседателката на СКРМ, Сања Арсовска им соопшти дека штотуку добила порака од Кабинетот на премиерот, Зоран Заев, дека ќе прими делегација на Синдикатот и дека состанокот ќе се одржи на 24 октомври во 11 часот.

Арсовска се обрати на почетокот на маршот напладне зад Филхармонијата, од каде што порача дека сакаат колективен договор кој ќе стапи во сила на 1 јануари 2020 година. Од таму до Министерството учесниците во колона поминаа по „Илинденска“ придружени со звуци од класична музика, а пред Владата застанаа и испеаја дел од „Хорот на Евреите“ од Вердиевата опера „Набуко“.

Треба да знаете
Последни објави