Search

Владата во Шпанија сака последен пат да обезбеди продолжување на вонредната состојба

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави денеска дека ќе побара од Парламентот уште едно, но последно двонеделно продолжување на вонредната состојба воведена поради пандемијата.

Вонредната состојба треба да истече на 7 јуни, а Владата ќе побара продолжување во наредните денови, иако едвај го обезбеди во Собранието во последните два наврати.

Таквата состојба и овозможи на Владата да воведе забрани и ограничувања со цел да го сузбие ширењето на новиот коронавирус, што резултираше со смрт на 27.000 луѓе во Шпанија.

Но, сега „речиси стигнавмедо безбедно пристаниште”, рече премиерот метафорично за состојбата со епидемијата во Шпанија.

Забраните и ограничувањата селективно се попуштаат по региони, во зависност од тоа колкумина се заразени и колку региони се подготвени за можен втор бран на заразата.

Треба да знаете
Последни објави