Search

Владата вечерва ќе одржи седница

Владата на Република Северна Македонија вечерва ќе ја одржи својата редовна 12-та седница, која  ќе се одржи преку видеоконференциска врска, информираат од прес службата на владата.

На дневен ред на оваа седница како што соопштија од Владата, се повеќе теми од економските мерки за справување со последиците од КОВИД-19 и од образованието.

За одлуките од седницата, која ќе започне во 20:00 часот, јавноста ќе биде информирана преку соопштение.

Треба да знаете
Последни објави