Search

Владата бара нов увид и виузелен приказ за дивоградбите во Стара скопска чаршија

– Владата не го прифати  Извештајот за дивоградбите во јадрото на Старата скопска чаршија, што го подготви Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, и му наложи да изврши нов увид на бесправно доградените објекти.

На вчерашната седница во врска со таа точка Владата  ја задолжила Агенцијата за катастар да достави визуелен приказ на заштитеното јадро и да ги маркира објектите за кои постои сомневање дека се бесправно доградени.

На  седницата е разгледана и усвоена информацијата за извршен инспекциски надзор на изградба на градби од прва категорија на подрачјето на општините Охрид и Струга, како и информација за преземените активности на овластените градежни инспектори за тие подрачја, на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Треба да знаете
Последни објави