Search

Вкусете ја традицијата – лебот Рустика е повторно на пазарот

Многумина ќе се согласат дека првата асоцијација на дом и семејство е семеен ручек, мирисот и вкусот на семејната трпеза и секако, нешто што е неизоставен дел од нашата традиција – домашен леб. Крцкава распукана кора, посипана со брашно, мека внатрешност, уникатен и препознатлив вкус, кој при самата помисла веднаш отвора апетит, се разбира дека станува збор за неодоливата Рустика.

Од неодамна Фурнаџискиот леб – Рустика од нашиот најголем производител на леб „Жито Лукс“ повторно го претстави вкусот на традицијата на македонските потрошувачи. Рачно подготвен, според стариот рецепт со мирис и вкус на селска фурна, со современа технологија и се разбира со печатот за квалитет, кој се наоѓа на пакувањето што укажува на долгогодишната традиција на „Жито Лукс“ во оваа индустрија.

Лебот Рустика претставува одличен избор за дополнување на секој оброк како на пример тукушто испечени полнети пиперки, топла домашна чорба, одлична основа за појадок, парче Рустика со домашен ајвар и ароматично македонско бело сирење, омлет со пиперки или пак брз залак како на пример Рустика сендвич со вашите омилени состојки во комбинација со контрастот на крцкава кора и неверојатно мека средина на парчето леб.

Сите традиционални лебови остануваат со ист квалитет и се произведуваат од најдобро брашно и состојки, на современ начин и со почитување на највисоки стандарди за производство на храна. Лебовите на Жито Лукс остануваат незаменлив додаток на секоја гурманска трпеза и омилен избор на сите генерации кои се држат до вкусот на детството и традицијата.

 

Треба да знаете
Последни објави