Search

Вкупната количина на коронавирус што зарази 53 милиони луѓе ја собира во лажичка за чај

Вкупната количина на коронавирус, кој зарази 53 милиони луѓе ширум светот, го собира во нешто повеќе од лажичка за чај, пресмета австралискиот математичар Мет Паркер.

Со други зборови, ако ги собереме сите патогени кои досега заразиле 53 милиони луѓе во светот, би добиле волумен од осум милилитри течност, пишува „Дејли мејл“, додавајќи дека една лажичка може да собере приближно шест милилитри течност.

ТВ-математичарот Паркер изнесе неколку претпоставки за да дојде до споменатата бројка, но вели дека дури и во најголемата проекција на неговите процени, целата количина на коронавирус ќе може да се стави во чашка за ракија, што е околу 45 милилитри течност.

„Целиот хаос што се појави во светот … се сведува на лажичка проблеми“, рече тој во својот поткаст што се емитува под наслов „Решен проблем“.

„Честичките на коронавирусите се многу мали, тие се само кодови што ги уништуваат здравите клетки“, објасни Паркер.

Всушност, Ковид-19 е милион пати помал од човечка клетка, а Паркер, како соработник во научна емисија на „Би-би-си“, направи проценка за бројот на клетки во секој заболен од вирусот врз основа на вирусното оптоварување измерено со брисеви, врз основа на истражувањето објавено во медицинското списание „Лансет“.

Користејќи бројка од 300.000 дневни нови случаи на инфекција ширум светот и претпоставувајќи дека секоја личност е заразна 14 дена, тој го пресметал бројот на луѓе кои моментално носат вирус.

Кога помножи сè, тој пресмета дека сите заедно во телото имаат 3,3 квадрилиони клетки на Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави