Search

Вклучување на деца во политичка кампања е недозволиво

Државниот совет за превенција на детско престапништво укажува дека вклучувањето на деца (лица до 18 години) во какви било активности поврзани со тековната политичка кампања е недозволиво и не е во најдобар интерес на детето согласно Конвенцијата за права за децата.

Грижата за децата треба да се остварува преку обезбедување законски и институционални услови за нивен правилен раст, развој и воспитание, грижа за отстранување на изворите на ризици.

Сé останато претставува нивна злоупотреба и повредување на правата на децата.

Државниот совет потсетува дека Изборниот законик (чл. 183) предвидува глоба од 8.000 евра за радиодифузерот и 30 отсто од одмерената глоба за одговорното лице на радиодифузерот доколку биде објавено изборно пропагандно известување со учество на деца.

Треба да знаете
Последни објави