Search

Вклучувањето на граѓанските организации е предуслов за креирање успешни политики

Унапредување на вклученоста на граѓанските организации во секторот образование, вработување и социјална политика беше тема на денешната средба организирана на иницијатива на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за образование и наука Арбер Адеми со граѓанските организации.

„Силно верувам дека успешни политики се креираат само со учество на сите општествени чинители. Преку секторската работна група заеднички носиме одлуки од областа на образование, вработување и социјална политика. Тука се вклучени релевантните национални институции и организации, донатори, бизнис заедницата, граѓанските организации и социјалните партнери“  рече Царовска.

Во рамки на оваа Секторска работна група се дискутираат, идентификуваат и поставуваат приоритетите во образованието, вработувањето и социјалната политика.  Исто така, се обезбедува секторска и донаторска координација во имплементација на националните политики.

Вклученоста на граѓанскиот сектор, како и вклученоста на социјалните партери во Секторската работна група особено е значајно во овој период. Започнува фазата на дефинирање на нов циклус политики, а следува и процесот на планирање и програмирање на претпристапната помош за периодот по 2020, односно програмирањето на ИПА 3.

„Невладините организации ги гледаме како силни поддржувачи не само во креирањето на политиките, туку и во ниванта имплементација и понатамошниот мониторинг на процесите. Затоа сметаме дека е неопходна вклученоста на граѓанските ораганизации со кои треба да имаме поинтензивна тесна соработка“, рече министерот Адеми.

Европска комисија има дефинирано рамка со пет приоритети што може да се финансираат. Преку работата на Секторската работна група ќе се дефинираат стратешките тематски и идните акцискиски програми

Треба да знаете
Последни објави