Search

Вице Заев го тужи Николовски за клевета, бара 500 евра оштета за да не го боли главата

Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, како што најави поднесе тужба против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски за навреда и клевета за изјава дадена на гостување во „Отворено студио“ на „1ТВ“ на 24 октомври лани. Николовски тогаш рекол дека прозападни и про-НАТО и про-ЕУ вредности не се наместени тендери, бизниси за членови на семејството и братот на премиерот, кој станува главен бизнис фактор во државата.

Во Основен суд Скопје 2 денеска се одржа подготвителното рочиште на кое не се појави Вице Заев, него го застапуваше адвокатот Горан Заев, додека Николовски се застапува сам. Вице Заев од Николовски бара оштета од 500 евра, бидејќи, како што е наведено во тужбата тој е чесен човек и успешен бизнисмен со висок углед во средината во која живее и работи и дека „ваквите изјави кај него резултирале со чувство на вознемиреност, напнатост и намалено расположение, пропратено со вегетативна симптоматологија, потење и црвенило на лице кое нешто предизвикало силна душевна болка кај него“.

-Ако му дошло на Заев за 30 илјади денари, нека си ги троши со здравје, рече Николовски по рочиштето и најави дека ќе презентир докази на следното рочиште на 26 февруари во 12 часот.

Треба да знаете
Последни објави