Search

Вицепремиерот Битиќи во самоизолација поради контакт со лице со Ковид 19

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи е во самоизолација поради контакт со заболен од Ковид 19, објави тој на својот Фејсбук профил.

-Моменталните услови на живеење за сите нас се променливи и непредвидливи, коронавирусот наметнува брзо прилагодување на новите услови. Ова значи враќање во нормалното секојдневно работење и живеење, секако со почитување на сите мерки за заштита и превенција, но од друга страна и одговорност за себе и луѓето околу нас и почитување на насоките на Институтот за јавно здравје за изолација и тестирање кога сме имале контакт кој можеби не става под ризик.

https://www.facebook.com/FatmirBytyqiOfficial/posts/135005385009398?__xts__%5B0%5D=68.ARCmGfD2dGgQT3pEuu4D5EwEE74sG_qu89x5UOeRAxCZIxI990E8uESfrzchEumtVc2Ih5OM9N5aVECX_J8J6g51ycICmdbo4gtAlE587XT2Acox_jM_qduql9fZYFggCsEQYh1hg6TF3VHtaX8hJDKtbWqG4CAy50-f7sE43l8gTWdha-Ioj5vxuSfc6pi-FWQ4W4NBlEAkY0eRPA5Lky9gocIcATwBXThJSYkmw37Pip4WzxT-zc-nBDkZZm_kPh0VkS0YGCLtkI0NYu8vOm7zeZIiULbqw0jPTfalm3CZlekTYw1IpSETKIvhOV8xCjGDek4T5QFdA2rWD8s&__tn__=-R

Поради контакт со позитивно лице, во следните неколку дена влегувам во самоизолација, после што ќе направам тест. Во моментов немам никакви симптоми и се чувствувам одлично. Ова ги менува моите секојдневни обврски и планови кои ги имав за наредните денови, се извинувам за сите откажувања на гостувања, состаноци и планирани средби. Здравјето и безбедноста на оние околу мене, семејството, тимот и соработниците е приоритет. Бидете здрави и живи и ова ќе помине, порача Битиќи.

Треба да знаете
Последни објави