Search

Вицепремиерот Анѓушев во посета на две компании во Кочани

Владата се радува на успехот на компаниите, тие се основата на одржлив економски раст , рече вицепремиерот Анѓушев при посетата.

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, во рамките на активностите за презентација на измените и дополните на Законот за финансиска поддршка на инвестициите и Предлог законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата, ги посети компаниите Руен Инокс Аутомобиле и Пејпер Мил во Кочани, кои последните години бележат раст на приходите и на бројот на вработени.

Двете компании се лоцирани во индустриската зона во Кочани, преземени од сегашните сопственици во незавидна состојба, а во последните години реализираат нови инвестиции со кои се унапредува технолошкиот развој и се зголемува нивната продуктивност.

Треба да знаете
Последни објави