Search

Витни Хјустон, Ноториус Б.И.Г. добиваат места во Рок-ен-рол салата на славните

Поп иконата Витни Хјустон и раперот Ноториус Б.И.Г. (The Notorious B.I.G.) се меѓу овогодинешните избраници што ќе бидат поставени во Рокенрол салаta на славните, објави институцијата во средата.

На починатите легенди им се придружува синт-поп бендот „Депеш Мод“, уметниците на електронска музика, како и индустрискиот експериментален бенд Nine Inch Nails, заедно со рокерите од 1970-тите The Doobie Brothers и англискиот рок бенд Т-Rex.

Класата 2020 година ја одбележуваат легендарни уметници кои починале млади.

Ноториоус Б.И.Г. – гордост на Њујорк, кој се смета за еден од најголемите рапери на сите времиња, поставен веднаш штом го исполни главниот услов а тоа е 25 години по објавување на првиот комерцијален запис.

Раперот, роден Кристофер Валас и колоквиално познат како Биги, беше убиен во 1997 година во Лос Анџелес на 24-годишна возраст во сè уште неразјаснети околности. Постоеа шпекулации дека инцидентот е дел од расправијата меѓу раперите на Источен брег и Западниот брег.

Витни Хјустон, најнаградуваната жена-уметник на сите времиња, почина на 48 години во 2012 г. по јавната битка со дрогата – деценија во која таа од американската поп кралица стана таблоидска кралица на драмата.

Треба да знаете
Последни објави