Search

Вистиномер: Лажен, вознемирувачки некролог дека премиерот Заев наводно починал

Лажен некролог со фотографија од премиерот Зоран Заевкој првпат се појави во 2018 година, се реактуелизираше во пост на Фејсбук објавен на 22 ноември годинава. Станува збор за невистинита информација, која графички е прикажана како ,,жална вест” и освен што има за цел да навреди, таа на непристоен, политички некоректен и по малку морбиден начин изразува политичко несогласување. Се разбира, од објавувањето на овој лажен некролог, премиерот Заев се појави неколку пати пред медиумите во рамките на вршењето на својата премиерска функција, објави Вистиномер.

Оваа објава оригинално потекнува од 2018 година, но и во предизборната црна кампања летово оваа година (2020), беше реафирмирана на социјалните мрежи и праксата продолжува и месеци подоцна. Сè одеше дотаму, што дури и низ градовите, на јавни површини се лепеа некролози на пратеници од СДСМ.

Очигледно е присуството и на сериозни навреди, клевети, непристојни инсинуации и за други членови на СДСМ и функционери од власта, кои ставени во контекст на лажниот некролог уште повеќе го засилуваат пропагандистичкото дејство на самата објава.

Со голема тага и болка во срцето им соопштуваме на сите роднини и пријатели дека на ден 31.12.2018 година од долго боледување од тешка болест предавање на се македонско почина нашиот изрод Зоран Заев на 44 години, стои во објавата.

Покрај тоа, со вулгарен и омаловажувачки и навредлив речник, како нарачатели на некрологот, односно како лица кои го објавиле се посочуваат функционери од партијата, а за дел од нив се изнесени негативни етикети, клевети, навреди.

Ожалостени Рада Шеќеринска, Проливер Спасовски, педофилот Мухамед Зекири, Никола Димитров, партија СДСМ и друга многубројна фамилија.

Извор: Вистиномер

Треба да знаете
Последни објави