Search

Вистината на виделина: Изборните манипулации на ВМРО ДПМНЕ во 2013 се докажаа уште еднаш

Денеска се објавени три „бомби“, на кои може да се слушне гласот на носителот на листа во третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. Двајцата договараат исклучување на лифтови во згради додека граѓаните одат на гласање. Снимките се објавени на Јутуб каналот „Обнова на режимот“.

Објавените „бомби“ се стари неколку години, од кои дел беа употребени како доказен материјал во случајот „Титаник“, односно за изборните манипулации на ВМРО-ДПМНЕ.

Бриф денеска објави видео направено во април 2013 година дека тоа навистина се случуваше.

Треба да знаете
Последни објави