Search

Високи победи на Јунајтед и Дортмунд, Јувентус и Барселона си обезбедија наредна фаза

„Каталонците“  иако  ослабени со неиграњето на Меси успеаја да го скршат отпорот на Украинците во второто полувреме. Два гола даде Братвајт, а по еден Сержињо Дест и Гризман.

Во Торино за малку изненадување. Италијанскиот првак Јувентус  го совлада Ференцварош со 2:1 и тоа со гол во 92 минута. Гостите поведоа со погодокот на Узуни, но потоа изедначи Кристијано Роналдо со убав шут од далечина. Иако „Старата дама“ имаше многу време успеа да даде гол дури во 92 минута. Алваро Мората шутираше со глава, голманот на Унгарците беше неспретен си ја смести топката во голот.

Во дербито на вечерта ПСЖ го совлада Лајпциг со 1:0 со погодок на Нејмар од пенал во првото полувреме. Тој резултат го врати францускиот првак на второто место на табелата во групата и си ги зголеми шансите за место во нокаут рундата.

Во групата Д Борусија Дортмунд и Лацио ги заземаа првите две места по победите над Бриж со 3:0 односно над Зенит со 3:1.

РЕЗУЛТАТИ
ДОРТМУНД – БРИЖ   3:0
ДИН.КИЕВ – БАРСЕЛОНА             0:4
ЈУВЕНТУС – ФЕРЕНЦВАРОШ       2:1
ЛАЦИО – ЗЕНИТ               3:1
МАН.ЈУНАЈТЕД – БАШАКШЕХИР              4:1
ПСЖ – ЛАЈПЦИГ               1:0
КРАСНОДАР – СЕВИЉА                1:2
РЕН – ЧЕЛЗИ       1:2

Треба да знаете
Последни објави