Search

Високата комесарка на ОН загрижена за цивилите кои се на територија на ИД

Високата комесарка на ОН Мишел Башале денеска изрази загриженост поради состојбата во која се наоѓаат околу 200 семејства заробени во Багуз, последната област која е сè уште под контрола на терористичката Исламска држава во источна Сирија.

Таа тврди дека екстремистите активно ги спречуваат цивилите, вклучувајќи ги и жените и децата, да ја напуштат таа област, која се наоѓа близу границата со Ирак и која е под опсада на воените сили во Сирија.

Околу 300 екстремисти се наоѓаат меѓу неколку стотина цивили и одбиваат да се предадат додека се обидуваат да преговараат околу излегувањето од областа, околена од воени сили. Според неименуван извор, екстремистите бараат воспоставување коридор до северозападната провинција Идлиб, што е под контрола на бунтовниците.

Треба да знаете
Последни објави