Search

Винс Картер најави пензија

– Винс Картер ја игра последната сезона во НБА лигата. По нејзиното завршување, најави крај на кариерата по 22 години минати на американските кошаркарски паркети.
„Подготвен сум за повлекување. По две децении иста работа, повеќе не е така задоволувачки. Разговорот со Брајант во Џерси за неговата среќа по пензионирање беше освежувачки за мене. Тоа е една од последните работи за кои разговаравме”, изјави Картер за американските медиуми.
Актуелниот член на Атланта додаде дека по завршување на играчката кариера, не планира да оди во тренери, туку да ужива и да се посвети на други работи во животот.
Треба да знаете
Последни објави