Search

Вил Смит се закити со „Златен глобус“

Вил Смит освои „Златен глобус“ за најдобар актер за успешното портретирање на Ричард Вилијамс, таткото на Венус и Серена Вилијамс, во биографската драма „Крал Ричард“(King Richard).

Ова е прв трофеј на „Златните глобуси“ за 53-годишниот актер, по неколку номинации што не завршија со награда.

Вил ја освои статуетката во категоријата Најдобар актер во филм – драма, откако претходно беше номиниран пет пати.

Победата на Вил доаѓа против импресивна низа на машки таленти, вклучувајќи ги Махершала Али („Лебедова песна“), Хавиер Бардем („Да се биде Рикардос“), Бенедикт Камбербач („Моќта на кучето“) и Дензел Вашингтон („Трагедијата на Магбет“).

Церемонијата на доделување награди оваа година не се емитуваше на телевизија.

Треба да знаете
Последни објави