Search

Вилијан постигна гол од пенал и од слободен удар на еден натпревар во Премиер лигата

Фудбалерот  на Челзи, Вилијан синоќа во поразот од Вест Хем во мечот од 32. коло од шампионатот на Англија (2:3), беше двоен стрелец за „сините”.

Бразилецот стана првиот играч од 2016 година, кој на една средба реализираше пенал и слободен удар.

Претходно тоа го стори уште еден играч на Челси – Сеск Фабрегас. Вреди да се одбележи дека Шпанецот постигна гол од пенал и слободен удар исто така на натпревар со Вест Хем.

Треба да знаете
Последни објави