Search

Виктор Орбан прими вакцина против грип

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја прими вакцината против сезонски грип, а видеото и фотографијата од здравствениот дом ги објави на својата фејсбук-страница и ги повика своите сонародници да се вакцинираат.

„Само храбро. Секој кој може, нека прими вакцина против грип“, изјави Орбан покрај објавеното видео.

Експертите препорачуваат вакцинирање против грип, особено во ситуација на пандемија.

На крајот на август, унгарската влада објави дека, со оглед на ширењето на епидемијата на коронавирус, заштитната вакцина против грип ќе биде бесплатна во Унгарија.

Треба да знаете
Последни објави