Search

Виктор Димовски директор на Агенцијата за национална безбедност

Владата на редовната 139-та седница за директор на Агенцијата за национална безбедност го назначи Виктор Димовски, досегашен државен секретар во Министерството за надворешни работи.

Димовски е доктор на политички науки и дипломат од кариера со повеќе од 20 години дипломатско искуство. Во изминатиот период бил амбасадор во Србија и Црна Гора, како и во Израел. Во периодот од 2007 до 2009 година Димовски беше директор на Агенцијата за разузнавање, со одлука на тогашниот претседател, Бранко Црвенковски.

Треба да знаете
Последни објави