Search

Викторија Бекам и напиша писмо на идната себе и откри зошто ги напуштила „Spice Girls“

И, таа исто така сподели тајни за успешен брак и младешка кожа

Во писмото што Викторија Бекам го напиша за британски Vogue, таа се обрати на идната себе за која се надева дека ќе биде помудра. Гледајќи наназад на 2020 година, што беше предизвик дури и за неа, таа е благодарна за времето поминато со семејството, но и за лекциите што ќе и траат цел живот. Водење моден бренд за време на пандемија сигурно не беше лесно, но Викторија верува дека искуството ќе и помогне да се развие во иднина. Таа на идната Викторија и кажува “да работи напорно и да биде љубезна”.

Викторија ја сподели и својата тајна за добар брак, кој трае 22 години, за светот на шоу-бизнисот рекордна година: „Секогаш чувајте барем малку мистерија. Облечете одличен фустан и направи некој smokey-eye“…

Преземено од Попара

Треба да знаете
Последни објави